Вчерашните и денешните напади на Израел врз јужен Либан предизвикаа масовна паника, а илјадници Либанци побегнаа од јужен Либан откако израелската армија издаде предупредување за евакуација.
Во понеделникот се појавија фотографии на кои се гледа како Либанците бегаат со своите автомобили од јужен Либан кон Сидон и кон Бејрут, на патот Захрани-Набатиех, во јужен Либан.
Многумина, кои побегнаа од селата во јужен Либан, пристигнале во импровизирани засолништа Бејрут.
Израелската војска на 23 септември објави дека започнала „обемни“ воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан.
- КРВАВ ДЕН ВО ЛИБАН Повеќе од 100 убиени и 400 ранети од израелските напади
- НАЈКРВАВ ДЕН ВО СУДИРОТ НА ИЗРАЕЛ И ХЕЗБОЛАХ Повеќе од 490 Либанци загинаа, а 1.645 се ранети
„Либанските жители на селата во долината Бекаа кои се внатре или во близина на куќите каде што се чуваат ракети и оружје се предупредени веднаш да се оддалечат! За ваша безбедност и заштита“, предупредија израелските сили.