More

    Франција планира да искорне 30.000 хектари лозје

    spot_img

    Франција планира да искорне 30.000 хектари винова лоза бидејќи потрошувачката на вино продолжува да опаѓа. На лозарите им се понудени 4.000 евра по хектар, со обврска најмалку 5 години да не се засадува ново лозје на истото место.

    Ова е дел од планот на француското  Министерството за земјоделство за искоренување на дури 100.000 хектари од вкупно 800.000 што се во моментов во земјава, а како главна причина се наведува драстичното намалување на потрошувачката на вино во Франција, каде што во последните 60 години има пад од дури 70%. Просечната потрошувачка на вино по жител во Франција во 1960-тите била околу 120 литри, но денес би била околу 40 литри.

    Последните податоци на владината институција FranceAgriMer, која само во последните 3 години забележа пад на продажбата на црвено вино од 15%, покажуваат дека трендот на намалување продолжува.

    Главна причина за падот на потрошувачката е промената на навиките на младите Французи, кои се повеќе се свртуваат кон пивото, како и се поголемото одбивање на конзумирањето алкохол кај најмладите генерации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img