Силно невреме предизвика поплави и значителна материјална штета во францускиот град Кан, но нема повредени.
Обилните врнежи предизвикаа поројни поплави, а водата навлезе во подруми, гаражи и продавници, а затворени се и сите училишта во градот, јавија агенциите.
Градоначалникот на Кан, Дејвид Линар изјави дека нема предупредување ниту од префектурата, ниту од националните метеоролошки служби, кои не го предвидуваат вчерашното невреме.