More

    Харисон Форд ги загрижи сите на последното појавување во јавноста

    spot_img

    Холивудската легенда Харисон Форд (82) ги загрижи обожавателите во текот на неговото последно појавување во јавноста.

    Имено, актерот кој се прослави со бројни улоги, од кои најпозната е онаа на Индијана Џонс, се појави на  „D23 Expo“ на „Дизни“, каде му беше доделена наградата за легенда на „Дизни“ за улогите на Хан Соло во „Војна на ѕвездите“ и „Индијана Џонс“.

    Меѓутоа, при притискањето на рацете во цементот, 82-годишниот Форд имал проблем со потпишување на своето име, придржувајќи ја десната рака со левата.

    Видеото од потпишувањето е споделено на Инстаграм страницата на емисијата „Good Morning America“ и сега стана вирално на социјалните мрежи. Под снимката се јавија бројни загрижени фанови во коментари.

    „Честитки за него, но ми се крши срцето што го гледам толку изнемоштен“, „Воопшто не изгледа добро“, „Тешко ми е да гледам како мојот омилен актер старее“, се дел од коментарите на фановите.

    За потсетување, легендарниот актер доби признание за животно дело на доделувањето на „Critics Choice Awards“ на почетокот на оваа година.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img