More

    Славниот актер во ретко излегување во јавноста

    spot_img

    Холивудскиот актер Брус Вилис (69) ретко се појавува во јавноста откако му беше дијагностицирана афазија во 2022 година, а потоа болеста напреднала до фронтотемпорална деменција.

    Вилис е снимен во автомобил во Брентвуд, Калифорнија, додека се возел на совозачкото седиште, а неговиот тажен поглед ги трогна обожавателите.

     

    Да потсетиме, за неговата состојба неодамна проговори неговата поранешна сопруга Деми Мур со која има три ќерки Румер (36), Скаут (33) и Талула (30).

    – Со оглед на сè, стабилно е – рекла Деми, па ги открила советите што им ги дава на своите ќерки додека се справуваат со здравствените проблеми на нивниот татко.

    – Она што им го велам на моите деца е луѓето да ги запознаете таму каде што се. Не држете се за тоа кои биле или какви сакате да бидат, туку кои се тие во овој момент. Зад тоа постои таква убавина, радост и љубов – раскажала таа.

    Што е фронтотемпорална деменција?

    Тоа е редок вид на деменција што предизвикува проблеми со однесувањето и говорот. Понекогаш се нарекува Пикова болест или деменција на фронталниот лобус. Првите видливи симптоми се промени во личноста и однесувањето и тешкотии во говорот. Овој тип на деменција се однесува на фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот, на коишто настануваат оштетувања поради болеста. Не е познато што ја предизвикува, но често постои генетска компонента.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img