Тешките воздушни напади на израелската армија сè уште се во тек на југот на Либан. Луѓето во Бејрут биле предупредени да евакуираат делови од главниот град, вклучително и областа Хамра. Сообраќајот е густ во центарот на градот, но тешко е да се процени каде одат, пишува Би-Би-Си. Ова е најсмртоносниот ден во Либан од почетокот на конфликтот во октомври, наведуваат медиумите.
Објавени се и фотографии на кои се гледа како луѓето бегаат со автомобили, наводно на север кон Бејрут, додека нападите продолжуваат. На социјалните мрежи се појавија снимките од колоните на патиштата.
Најмалку 182 лица загинаа во нападот на Израел.
Армијата на Израел соопшти дека погодила околу 300 цели на Хезболах и ќе продолжи да ги напаѓа локациите за кои се верува дека групата ги користи за да складира оружје, и воедно предупредувајќи ги цивилите да се евакуираат.
Министерството за здравство на Либан соопшти дека меѓу загинатите има жени, деца и медицински лица, додека најмалку 727 лица се повредени.
Патиштата во јужен Либан се преполни со автомобили на цивили бегаат кон север кон Бејрут, додека земјата се опоравува од најсмртоносниот ден во борбите досега.
Возвраќајќи на нападите, Хезболах истрела десетици ракети кон северен Израел, вклучително и на локација на одбранбената компанија Рафаел, северно од Хаифа.