Бугарија денеска ќе побара прекин на увозот на јајца со потекло од Украина на денешниот Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ кој се одржува во Брисел, изјави бугарскиот министер за земјоделство и храна Георги Тахов, пренесоа бугарските медиуми.
Тој рече дека забраната ја побарало Здружението на одгледувачи на живина во Бугарија.
– Не можеме ништо без дозвола на Европската комисија. Веќе го направивме првиот чекор. Јајцата ги означивме како стока со зголемени царини, но сега ќе направиме уште еден чекор. На состанокот ќе побарам целосна забрана – додаде Тахов.
Се очекува министрите за земјоделство на ЕУ да разговараат за ситуацијата во земјоделскиот сектор на блокот по конфликтот во Украина.