More

    Спикерите Гаши и Спиропали посакуваат поголемо поврзување на Коридорот 8

    spot_img

    Гаши истакна дека Македонија и Албанија на меѓународен план имаат исти цели и интереси, а тоа се полноправното членство во Европската унија, соработката во областа на одбраната во рамките на НАТО Алијансата, како и продлабочување на регионалната соработка рече денеска претседателот на Собранието Африм Гаши по средбата со претседателката на албанското Собрание Елиса Спиропали, која е во официјална посета на Македонија.

    Гаши и Спиропали одржаа заедничка прес-конференција, но за изјавата на Спиропали немаше обезбедено соодветен превод.

    – На средбата искажавме очекување и надеж дека нашите две земји заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција. Сметаме дека тоа е многу важно како за нашите две земји така и за останатите земји од регионот, бидејќи заедничка ни е посветеноста за сеопфатен развој на Западниот Балкан. Укажавме дека проширувањето е една од најдобрите политики на Унијата како геостратешка потреба и е долгорочна инвестиција за цела Европа во политичка, безбедносна и економска смисла. Тоа е добар механизам за напредок и награди, што нé мотивира како земји да ги спроведуваме бараните реформи, чиј краен резултат би требало да биде полноправното членство во Унијата – рече Гаши.

    Приоритети на двете земји од заемен интерес, додаде, се поефикасно користење на ЕУ фондовите и заедничко учество во нови проекти во рамки на ИПА фондовите. Гаши ја истакна потребата од продлабочување на економската соработка преку промоција на стопанските потенцијали и реализација на инфраструктурните проекти кои се значајни за напредокот и стабилноста на двете земји.

    – Мора да се продолжи и со изградбата на патишта, енергетското и железничкото поврзување меѓу двете земји во рамките на Коридорот 8, а сé со цел поголема размена на луѓе, стоки и услуги за кои постои огромен потенцијал – рече Гаши.

    Претседателката на албанскотособрание Спиропали истакна дека Македонија и Албанија се две пријателски земји кои делат исти вредности, визии и предизвици, имаат заедничко патување кон членство во Европската Унија и борба против корупцијата и организираниот криминал.

    – Длабоко сум убедена дека под водство на колегата Гаши, односите меѓу нашите две собранија ќе достигнат ново ниво на соработка. Во Албанија има посебно внимание на сите настани во Северна Македонија, токму поради посебното значење со кое ги третираме овие односи. Забележавме дека изборниот процес беше по европските стандарди и со задоволство можам да напоменам дека Тирана им честита на институциите вклучени во тој процес за докажаниот професионализам кој гарантираше редовен демократски изборен процес. Убедена сум и дека промените во бојата на власта и политичката ротација во Скопје не треба и нема да влијаат на односите меѓу двете земји, туку ќе бидат дел од циклусот на континуиран напредок на соработката меѓу нас – рече Спиропали.

    Подготвени сме, додаде таа,  да продолжиме со нашите контакти и политичкиот дијалог на сите нивоа, за доброто на нашите земји и граѓани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img