Малопродажните цени на бензините од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, а на дизелот и на маслото за горење за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на бензинот од типот „еуросупер- 95“ ќе биде 75,00 денари за литар, на „еуросупер- 98“ ќе изнесува 77,00 денари, а на дизелот 67,50 денари.
Маслото за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за 66,50 денари.
За 0,499 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 41,827 денари.