Последен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период е 25 септември (среда) 2024 година до полноќ, информира Управата за јавни приходи (УЈП).
Оттаму ги повикуваат даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот ден.
– Апелираме, навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите доколку истите ги испратите последниот ден – велат од УЈП.
Според информациите од УЈП, досега поднесени се 1.706, ДДВ – 04 пријави од вкупно очекуваните 7.405, што е 23,4% од вкупно очекуваните ДДВ – 04 пријави за овој оданочив период.
Обврска да поднесат ДДВ-04 пријава, имаат сите даночни обврзници, вклучително и оние кои во соодветниот период немале извршен оданочив промет. Процесот на поднесување на пријавите е под постојан мониторинг, а сите заинтересирани можат редовно да го следат трендот на статистиките за поднесените ДДВ-04 пријави по региони на веб-страницата на УЈП.