Глобалната побарувачка за бакар може да се зголеми за 72% до 2050 година благодарение на развојот на вештачката интелигенција, покажа истражувањето на австралиската мултинационална јавна компанија за рударство и метали со седиште во Мелбурн, BHP.
– Клучни двигатели на растот на цената на бакарот во иднина ќе бидат растот во земјите во развој, енергетската транзиција и центрите за податоци, велат од компанијата.
Бакарот е клучен елемент за пренос на енергија и се користи во системите за ладење и процесорите во центрите за податоци.