More

    Неодамна беше објавено видео од балерини кои минуваат низ мала празнина помеѓу две дрвени шипки, а видеото со опис „стандардна половина на балерина“ има 9,7 милиони прегледи

    spot_img

    Неодамна беше објавено видео од балерини кои минуваат низ мала празнина помеѓу две дрвени шипки, а видеото со опис „стандардна половина на балерина“ има 9,7 милиони прегледи.

    Видеото предизвика лавина коментари за стандардите кои треба да ги исполнуваат балерините.

    „Само се надевам дека се среќни“, „Низ историјата, стандардниот концепт на половината на балерина се поврзува со традиционалните очекувања за балетот, односно со витка линија која честпати го промовира т.н. идеалот на виткоста“, се само дел од коментарите.

    Колку се високи и тешки балерините?

    Со балет најчесто почнуваат од 4 до 8 години, а на подготвителни курсеви можат да се приклучат на 3-годишна возраст.

    Повеќето балерини се високи меѓу 160 и 172 сантиметри, а идеалната тежина треба да биде помеѓу 40 и 58 килограми, во зависност од мускулната и од коскената маса.

    Како екстремен пример се издвојува Рут Лујан, поранешна мексиканска балерина, со обем на половината од неверојатни 30 сантиметри.

    Балерините имаат и посебен начин на исхрана. Светлана Захарова, висока 158 сантиметри и тешка 49 килограми, воопшто не јаде сол, а нејзиниот појадок е житарка измешана со вода. Многу руски балерини ја следат оваа диета.

    Познатата Маја Плисечка не пиела кафе, избегнувала производи со глутен, месо, млечни производи, јајца и со шеќер. Некои балерини дури и не јадат одредени видови овошје и зеленчук, како домати или банани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img