More

    Актерката насмеана им праќала бакнежи на насобраните на аеродромот

    spot_img

    Колумбиската актерка Кораима Торес, позната по улогата на Касандра во истоимената хит серија, пристигнала на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград и со насмевка ги пречекала претставниците на медиумите кои ѝ посакале добредојде.

    Кораима пристигнала во виолетов комбинезон и високи потпетици, а на лицето имала широка насмевка.

     

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by Prva televizija (@prvatelevizija)

    Популарната Касандра ќе се приклучи на актерската екипа на српската серија „Игра на судбината“ и ќе ја игра една од главните улоги во популарната теленовела.

    – Среќна сум, многу сум возбудена! – рекла актерката, која на насобраните им праќала бакнежи и додала дека Србија има посебно место во нејзиното срце.

    Според извори блиски до продукцијата, хонорарот не бил пресуден за нејзиното доаѓање, но улогата многу  ѝ се допаднала. Според наводите, сè било договорено во претходниот период и продукцијата само го чекала нејзиното доаѓање.

    Серијата која сега има повеќе од 1.180 емитувани епизоди е секогаш на врвот на гледаноста, а славната Касандра ќе придонесе за уште поголем број гледачи.

    Да потсетиме, Кораима Торес стекна голема популарност кај нас и во регионот во текот на 90-тите години на минатиот век, кога се емитуваше теленовелата „Касандра“ во која таа ја имаше главната улога.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img