More

    Според „Анкетата на сите анкети“, граѓаните на САД го смениле мислењето

    spot_img

    Потпретседателката на САД, Камала Харис, има поддршка од 50%, додека, пак, поранешниот претседател Доналд Трамп има поддршка од 47% во трката за претседателската функција, објави Си-Ен-Ен во својата анкета која ја нарекува „анкета на сите анкети“.

    Иако резултатите се во рамките на типичната маргина на грешка, тие укажуваат на мало поместување во корист на Харис во споредба со анкетата пред дебатата на Еј-Би-Си Њуз. Во тоа време, според „анкетата на сите анкети“ на Си-Ен-Ен, Харис имаше 49%, а Трамп 48% поддршка.

    „Анкетата на сите анкети“ на Си-Ен-Ен вклучува просечни резултати од 5 анкети спроведени по дебатата на Еј-Би-Си Њуз на 10 септември.

    Денешната анкета на Ен-Би-Си Њуз, пак, покажува дека Харис има 49% наспроти Трамп, кој има 44%, што е најниско ниво на поддршка за поранешниот претседател во која било анкета откако Харис влезе во трката кон крајот на јули.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img