More

    Уништена лабораторија за кокаин и за хероин во Приштина, уапсени се две лица

    spot_img

    Косовската полиција соопшти дека во акција, спроведена по 10-месечна истрага, синоќа во подрум на куќа во населбата Сончев брег, Приштина, открила и уништила лабораторија за обработка на кокаин и на хероин, при што уапсила две лица, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Во акцијата на Единицата за антидрога и на Управата за борба против трговијата со наркотици на Полицијата на Косово, откриени се и одредена количина дрога хероин и кокаин, работен алат за преработка на наркотични материи, како и околу 7 килограми дрога во цврста состојба.

    „Постојат сомнежи дека осомничените подолго време ја користеле оваа лабораторија за преработка на наркотичните супстанции хероин и кокаин, при што по преработка на истите материи ги пакувале во мали дози за продажба во различни региони на земјата. Косовската полиција со своите единици за борба против дрогата останува посветена на спречувањето и на сузбивањето на употреба, одгледување или продажба на наркотични супстанции, а строги законски мерки ќе бидат преземени против сите инволвирани во такви кривични дела кои на еден или на друг начин ги загрозуваат здравјето и безбедноста на нашите граѓани“, соопшти косовкската полиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img