Легендарната актерка Софија Лорен наполни 90 години пред два дена, а нејзиниот изглед сѐ уште е фантастичен. Многумина се прашуваат во што е нејзината тајна.
Таа во различни наврати ги споделувала своите рутини кои имаат влијание на нејзиниото здравје и ѝ помагаат да живее здрав живот.
Софија Лорен секогаш скромно нагласувала дека убавината ја наследила од мајка си, која ја сметала за најубава жена на светот.
Во една прилика изјавила дека љубовта кон животот, шпагетите и капењето со маслиново масло се нејзините главни сојузници за добар, младешки изглед, пишува Воуг.
– Сè што гледате го должам на шпагети – рекла Софија.
Софија вели дека будењето рано, околу 5 часот наутро кога оди на прошетка, е важно за нејзината виталност. Паркот во близина на нејзината куќа станал нејзино место за размислување.
– Секогаш се будам рано, околу 5 наутро, а првиот час го поминувам во пешачење. Знам дека секогаш можеш да најдеш доволно добар изговор за да не вежбаш бидејќи наоѓам најмалку 5 на дневна основа, но не се откажувам. Се мотивирам себеси велејќи дека сите долгорочни напори ќе отидат на отпад ако се предадам и ако попуштам. Шетајќи во паркот во близина на мојата куќа, секогаш помислувам дека можеби од следниот агол пред мене ќе се појави нешто убаво – изјавила актерката.
Без разлика на сите предизвици и искушенија, актерката не се откажува од утринските активности кои вклучуваат нежно истегнување.
Денот започнува со лесен појадок
Исхраната на Софија се заснова на свеж зеленчук, тестенини и на црвено вино. Појадокот е лесен, ручекот обилен, а вечерата честопати се прескокнува.
– Денот го започнувам со лесен појадок, најчесто мафини, со кои никогаш не пијам кафе. Малку подоцна јадам лесен сендвич, а ручекот внимавам да ми биде обилен. Тестенини, пилешко, салата и овошје обично се на менито. Ретко вечерам. Знаете, јас сум Италијанка и мислам дека мојот изглед пред сѐ се должи на шпагетите кои редовно ги јадам – објаснила Софија во една прилика.
Најважни се грижата и позитивниот став
Сепак, нејзиниот изглед и блескавата кожа не се само резултат на надворешни ритуали, туку и на длабока внатрешна рамнотежа.
Преку насмевка, дивата ја открива клучната состојка на нејзиниот шарм.
– Клучот е во позитивниот став, а јас сум некој кој секогаш размислува позитивно и ретко сум тажно или меланхолично расположена. Покрај одење, дома правам и стомачни, како и нежно истегнување, а легнувам околу 8 навечер – изјави некогаш познатата италијанска актерка.
Трик со листови од нане
Софија Лорен исто така користела трик за млади очи.
Таа мелела листови од нане, ја ставала „пастата“ под очите и… Темните кругови и отокот исчезнувале, пишува порталот Јаху.
Но, сепак експертите предупредуваат дека ментолот во нането може да биде надразнувачки за многумина, особено кога се користи во големи количини, и може да предизвика и проблеми со видот. Бидејќи кожата под нашите очи е најкревка на нашето лице, а и најсклона кон оштетување, мораме да внимаваме кога го спроведуваме овој „трик“ на Лорен.