Времето се стабилизира, па денеска денот ќе биде сончев со мала до умерена облачност. Во првиот дел од денот во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец.
Денешната максимална температура ќе биде 26 степени.
Во периодот од 23 септември, па се до 30 септември, се прогнозира период на значително потопло време преку ден и со температури кои повторно ќе бидат малку над просекот за овој период од годината.