По масовната експлозија на пејџери во Либан, катарската авиокомпанија „Катар ервејс“ им забрани на патниците да носат пејџери во багажот. Забраната се однесува на патниците на таа авиокомпанија на летовите од Бејрут, а е донесена во согласност со директивите на Генералниот директорат за цивилно воздухопловство на Република Либан.
„Стапува на сила веднаш: Во согласност со директивата добиена од Генералниот директорат за цивилно воздухопловство на Република Либан, на сите патници, кои летаат од меѓународниот аеродром Рафик Харирл во Бејрут, им е забрането да носат пејџери и токи-воки на летовите. Забраната се однесува и на пријавениот и на рачниот багаж, како и на товарот, и ќе важи до натамошно известување“, соопшти компанијата преку социјалната мрежа Икс.