More

    Повисока е од ланскиот јули за 12,9%, но е пониска од јунската

    spot_img

    Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар и е за 12,9% повисока од истиот месец лани но е пониска за 2,3 % во однос на јунската плата годинава, соопшти Државниот завод за статистика.

    Реалниот пораст на нето-платата јули 2024 – јули 2023 година изнесува 9,6%

    Зголемувањето на просечната нето-платата во однос на ланскиот јули  се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: oбразование (19,1 %), финансиски дејности и дејности на осигурување (18,6 %) и јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (16,7 %).

    Податоците на статистика покажуваат дека нето-платата во јули во однос на јуни годинава се намалила за 978 денари или за 2,3%.  Во јуни просечната нето- плата изнесуваше 41.939 денари.

    Месечното намалување на просечната нето-плата главно е поради намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (9,9 %), административни и помошни услужни дејности (5,6 %) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5,4 %).

    Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во јули изнесувала 61,569 денари и во однос на јули 2023 година е повисока за 3,1 %.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img