More

    Крајнодесничарската „Преродба“ ќе поднесе иницијатива

    spot_img

    Изјава за Коридорот 8 на македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски предизвика бес кај политичарите во Бугарија, а крајнодесничарската партија „Преродба“ на контроверзниот Костадин Костадинов најави дека денеска ќе предлжи усвојување декларација со која се осудува, како што тие велат, заживувањето на говорот на омраза од Скопје.

    Според Костадинов, во декларацијата треба да пишува дека Бугарија мора да ги информира своите партнери во Европската Унија за тоа што се случува од другата страна на границата – дека има саботажа против паневропските политики и една од нив е Коридорот 8, јавува БНТ.

    Во интервју за Канал 5 во четвртокот Николоски рече дека проектот за пругата која треба да ги поврзе двете земји е неизводлив.

    – Јас сакам позади себе да оставам проекти коишто ќе ги паметат генерации после нас. Не сакам позади себе да оставам проекти кои ќе останат недовршени. Подобро нема да правам нешто отколку да трошам народни пари за нешто што нема да се реализира. Ова нема никаква врска со односите помеѓу Македонија и Бугарија, но овој проект не е изводлив – изјави министерот Николоски велејќи дека не е против изградба на пругата, но дека нема да се гради по неизводлива и прескапа траса.

    Изминатите денови изјавa на Николоски во врска со скандалот со неистакнувањето на македонското знаме при средбата на македонската претседателка и бугарскиот претседател во Софија, беше осудена од бугарски политичари, од бугарскиот државен врв, а дури беше побарана и оставка од Николоски од

    Исто така, бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за БНТ изјави дека Софија ќе предложи партијата ВМРО-ДПМНЕ да биде исфрлена од Европската народна партија (ЕНП) поради последните случувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img