More

    Израелски борбени авиони синоќа бомбардираа цели на Хезболах во јужен Либан и погодија стотици ракетни фрлачи што беа подготвени за напади врз израелска територија

    spot_img

    Израелски борбени авиони синоќа бомбардираа цели на Хезболах во јужен Либан и погодија стотици ракетни фрлачи што беа подготвени за напади врз израелска територија.

    Војската соопшти дека нејзините борбени авиони од синоќа погодиле околу 100 ракетни фрлачи способни да истрелаат вкупно околу 1.000 проектили.

    „ИДФ (Израелските одбранбени сили) ќе продолжат да дејствуваат за ограничување на инфраструктурата и можностите на терористичката организација Хезболах со цел да се заштити државата Израел“, се вели во соопштението на вооружените сили.

    Во меѓувреме, Белата куќа соопшти дека е итно потребно дипломатско решение, а Британија повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах.

    Интензивното гранатирање уследи по нападите претходно во текот на неделата, кои Либан и Хезболах му ги припишуваат на Израел, во кои експлодираа радија и пејџери на Хезболах, при што загинаа 37 луѓе, а беа ранети околу 3.000 во Либан.

    Израел во вторникот го предупреди американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во телефонски повик дека ќе биде извршена воена операција во Либан, но не даде никакви детали, изјавија американски официјални лица.

    За време на синоќешната операција, израелските сили исфрлија десетици бомби во јужен Либан, соопштија три либански безбедносни извори. Во моментов нема извештаи за жртви.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img