More

    Пејачката шокираше со цените за влезниците на последните концерти – една чини илјадници евра!

    spot_img

    Цените на билетите за последните концерти на Адел во Лас Вегас се движат од 3.500 долари до дури 5.000 долари, додека некои препродавачи нудат билети од 13.000 до дури 70.000 долари.

    Лас Вегас е последната музичка станица на британската пејачка Адел, која ќе оди на долга пауза по нејзиниот настап во ноември годинава.

    „Сакам голем одмор по сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, јас воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно?“, рекла Адел за германскиот ЗДФ пред 10-те распродадени настапи во Минхен.

    Но, Адел очигледно одлучила добро да ги плати солзите на обожавателите. Многумина се шокирани од цените на билетите за последните концерти пред најавената музичка пауза.

    На веб-страницата Seat Geek, првите места на сцената чинат повеќе од 5.000 долари, додека оние што се најоддалечени од сцената ќе мора да издвојат помеѓу 3.500 и 4.800 долари.

    Некои препродавачи нудат билети по астрономски цени, препродавајќи ги за 13.000 долари до дури 70.000 долари за седишта пред сцената. Многумина се шокирани од цените на билетите, а своето незадоволство го изразија на социјалните мрежи.

    „Влезниците во Минхен беа бесплатни во споредба со овие цени“, „Ако го дозволиш ова како уметник, тогаш губам секаква почит кон тебе“, „Еве зошто многу Американци дојдоа на концерти во Германија“, напишаа обожавателите на Инстаграм.

    Но, Адел веројатно финансиски се снабди откако реши да започне нова кариера, поточно глума.

    „Адел посетува интензивни часови по глума кај врвен холивудски тренер повеќе од една година. Кога се обврзува на нешто, дава 100 отсто од себе“, изјавил извор за „Дејли мејл“.

    „Личност на висока позиција во Холивуд ја советуваше да оди на курс по дикција, ако веќе не го направила тоа, бидејќи нејзиниот природен акцент ќе и ги ограничи улогите“, додава изворот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img