Вознемирувачко видео на кое се гледаат три девојки како крвнички тепаат друго девојче денеска беше објавено на социјалните мрежи.
Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за инцидент кој се случил пред хемиското училиште во Панчево, Србија.
Според нивните информации, три 16-годишни девојки тепаат 15-годишно девојче поради некое момче.
Насилството не било пријавено во полиција, но тие веќе отвориле случај кога видеото било објавено на социјалните мрежи.
Оригиналното видео беше отстрането од Инстаграм, но објавена е замаглена верзија на Твитер: