More

    Борисов побара оставка од македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Николоски

    spot_img

    Претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов побара оставка од македонскиот вицепремиер и министер за транспорт Александар Николоски, поради тоа што Николовски завчера Бугарите ги нарече „мизерни“, како и дека Бугарите и Македонците немаат ниту заедничка историја, ниту заеднички корени.

    – Република Северна Македонија постапи подло со претседателот, подло и со министрите кои се сретнаа со најдобри намери.  Очигледно, пријателските средби со овие луѓе, дури и поврзани со операта, не треба да се одржуваат надвор од официјалниот амбиент – каде што е снимено и јасно наведено што мисли едната или другата земја – изјавил Борисов зборувајќи за средбата помеѓу бугарскиот претседател Румен Радев и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова минатата недела во Софија.

    Точно е дека челниците на РСМ од неодамна се на власт и не им се јасни протоколарните работи, да речеме немаат искуство , додава Борисов.

    – Но, за јазикот што го користат има само еден начин на извинување – оставка на овој министер. А ако не го направат тоа, ниту претседателот, ниту министрите, ниту партиите не треба да се среќаваат  и да разговараат со нив – рече Борисов.

    Лидерот на ГЕРБ додаде дека партијата за ова прашање ќе ја информира ЕПП.

    Македонскиот вицепремиер Александар Николоски за Бугарија рече дека се покажала како „нецивилизиран домаќин“, откако на средбата помеѓу претседателите Радев и Сиљановска Давкова во петокот во Софија немаше македонско знаме.

    – Минимум пристојност е да ставите знаме на државата од која што доаѓа претседателот. И минимум човек треба да е нормален за тоа да го сработи. Најмалку треба да се очекува од претседател на држава да оди таму и да гледа каде има, а каде нема знамиња. Тоа не е работа на претседателката, туку на домаќинот да покаже пристојност. Ама затоа што домаќинот очигледно ниту е цивилизиран, ниту е пристоен, ниту има каква било почит, затоа е работава ваква каква што е. Помизерни од нив се само нашиве домашниве слуги, кои прифатија дека имаме заедничка историја и дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, а сега зборуваат за патриотизам. За оваа изјава очекувам да добијам протесна нота од бугарското МНР – рече министерот за транспорт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img