More

    Српски министер ги советува граѓаните како евтино да го победат гладот

    spot_img

    Министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, Томислав Момировиќ, додека ја промовираше кампањата „Најдобра цена“ за телевизијата К1 изјави дека оброк од две јајца за вкупно 22 динари може да ве држи сити цел ден.

    – Едно јајце чини 11 динари – внимавајте, 11 динари. И, оброк од две јајца – 22 динари. Па, тоа е оброк кој може да го држи човекот сит цел ден – рече министерот Томислав Момировиќ, продолжувајќи да набројува производи со ниски цени, како пудинг за 11 динари.

    Како одговор на забелешките на водителките на К1 дека човек тешко може да биде сит цел ден со оброк од две јајца, министерот Момировиќ додаде:

    – Разбирате што мислам. Секако, не сакам да кажам дека луѓето можат да живеат со две јајца на ден, но мислам дека калориски, нутритивен квалитет навистина е совршен оброк – објасни српскиот министер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img