More

    Уставен суд поведе постапка за „балансерот“

    spot_img

    Уставниот суд денеска на седница ја прифати иницијативата на Комисијата за спречување на корупција и судир на интереси, која поведе постапка за укинување на „балансерот“ односно алатката за вработување во јавниот сектор според етничката припадност.

    Уставниот суд донесе времена мерка откако антикорупционерите оспорија делови од три акти што се поврзани со „припадност на заедница“, што  значи дека ќе нема вработувања по етнички клуч додека уставните судии не се произнесат за нивната уставност.

    Портпаролката на Уставниот суд Христина Беловска изјави дека Судот по неколкучасовна расправа поведе постапка за одредби од законот за вработени во јавниот сектор, Законот за административни службеници, Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор, односно одредби од акти кои беа оспорени од страна на Државната комисија за спречување на корупција.

    – Судот ги оцени наводите на Комисијата како основани, но и ги прошири сомнежите за неуставноиста и незаконитост и за други одредби и по сопствена иницијатива поведе постапка за одредби од истите закони но и за поднзаконски акти кои произлегуваат од нив – рече Беловска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img