More

    Американците имаат нова стратегија за евентуална конфронтација со Кина

    spot_img

    Обраснат аеродром на мал остров во Тихиот Океан, кој некогаш им бил клучен на Соединетите Американски Држави за да ја завршат со победа Втората светска војна, сега повторно се вклучува во геополитичката игра, овојпат како бедем на САД против Кина. Американците ја активираат пистата на островот Тиниан, едно од три копна во западниот дел на Океанот кои ја сочинуваат најзападната граница со Азија, пишува Њузвик.

    Тиниан бил познат по својата стратешка вредност за време на војната. Поради неговата близина до Токио – помалку од 1.000 километри, подоцна стана база за изведување бомбашки напади на копното на Јапонија. На слично растојание се и другите клучни точки во Азија за Американците.

    Истовремено, на Американците им е потребна нова стратегија за евентуална ескалација со Кина, во врска со проблематичниот Тајван. Авионската компанија „Боинг“ произведува стотици илјади нови модификувани ракети од типот „Quicksink“ кои од „неми„ бомби можат да се претворат во наведувано оружје кое може да се исфрли од оените бомбардери или од сојузничките воени авиони.

    Идејата е со додавање на евтин комплет од ГПС за лоцирање и трагач што може да следи предмети што се движат да се добие наведувачка ракета, пишува Ројтерс.

    Ова потсетува на руските лизгачки бомби кои направија голем проблем на фронтот во Украина. Русија ги приспособи стотиците илјади советски ракети кои ги има во своите магацини со дополнителни крила и сателитска навигација. Во мај оваа година, тактиката на „слајд-бомби“ им донесе пресврт на Русите во Авдеевка, а сега ја користат истата шема во вториот најголем украински град Харков.

    Руската инвазија на Украина го турна размислувањето на САД кон нова филозофија – „достапна маса“, како што рече еден извршен директор на ракетната индустрија, кој сакаше да остане анонимен, мислејќи на тоа дека има многу релативно евтино оружје на готовс.

    Американците собираат на куп изобилство од лесно направено противбродско оружје кое потоа може да биде доработено.

    – Тоа е природна контра на она што Кина го прави – рече Јуан Греам, висок аналитичар од австралискиот институт за стратешка политика, мислејќи на кинескиот арсенал на бродови и конвенционални балистички ракети, вклучително и оние дизајнирани да напаѓаат бродови.

    Според експертите, Кина сепак ќе има голема предност во огромниот број на противбродски ракети и може да ги базира на својата матична територија.

    Но, зголемувањето на американското производство на „Quicksink“ би го намалило тој јаз со тоа што ќе ги стави 370-те кинески воени бродови на поголем ризик за време на секој иден конфликт. Тоа на Кинесзите ќе има ја направи досега најголемата поморска тешкотија откако почнаа да ја модернизираат војската во 1990-тите.

    Сојузниците го освоиле Тиниан во 1944 година и веднаш почнале да градат аеродроми. Од аеродромот Нордфилд на островот полетаа и двата авиони кои во август 1945 година ги фрлија нуклеарните бомби со прекари „Младо момче“ и „Дебелиот човек“ во Хирошима и во Нагасаки. Овој американски потег беше клучен за да се предаде јапонскиот император како последна фаза од Втората светска војна.

    Се смета дека без фрлањето на бомбите американската војска ќе била приморана да изврши долга и мачна копнена инвазија на Јапонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img