Унапредување на соработката со бизнис заедницата преку редовни консултации и заеднички настани, што треба да резултира со зголемување на конкурентноста на македонската економија, е договорено на средбата на директорот на Царинска управа Бобан Николовски и претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески.
Од Царинската управа соопштија дека ваквиот начин на соработка ќе биде дефиниран преку нов Меморандум за соработка каде што ќе биде дефинирана новата рамка за унапредување и развој на царинско-деловните партнерства.
Ваквата соработка, додаваат од Церината ќе се овозможи доследност, усогласеност, предвидливост и ефикасност на царинските и деловните процеси.
Ваквото ниво на соработка е неопходно, при што двете страни ќе работат на воспоставување процес на редовни консултации и партнерство со бизнис заедницата.
– Стопанската комора ја поддржува и охрабрува Царинската управа да го унапредува царинското работење со воведување на нови дигитални услуги и решенија и осовременување на опремата особено на граничните премини, зашто тоа истовремено ќе значи олеснување и забрзување на постапките и поддршка за извозните компании за зголемување на нивната ефикасност и конкурентност – изјави Азески.