More

    Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, минатата недела бил информиран за елементите на украинскиот план да ја охрабри Русија да стави крај на конфликтот

    spot_img

    Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, минатата недела бил информиран за елементите на украинскиот план да ја охрабри Русија да стави крај на конфликтот, изјави денеска портпаролот на американскиот Стејт департмент, Метју Милер.

    Милер на брифинг со новинарите рече дека Блинкен дознал за планот за време на посетата на Киев и додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски рекол дека е среќен што детално ќе му го претстави планот на претседателот Џо Бајден.

    – Мислам дека ќе го чекаме тој состанок пред да понудиме дополнителни заклучоци – рече тој.

    Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, претходно денеска изјави дека САД имаат увид во тој план „што може да функционира“.

    Советникот на шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Серхи Лешченко, во понеделникот изјави дека можноста за ракетни напади врз воени бази и врз аеродроми длабоко во руската територија е важен дел од „планот за победа“ на Украина.

    Според него, Зеленски претходно истакнал дека победничкиот план на Украина зависи од американскиот претседател Џозеф Бајден.

    – Новите можности вклучуваат таргетирање на оние аеродроми, воени бази, магацини каде што се наоѓаат проектилите и места од каде што полетуваат авионите кои потоа ја бомбардираат украинската почва и уништуваат украински градови и убиваат украински цивили. Затоа, сè додека не ја добиеме оваа дозвола, не можеме да зборуваме за спроведување на овој победнички план, па затоа многу зависи од претседателот Бајден – нагласи Лешченко.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img