Американската актерка и оскаровка Кети Бејтс (76) се појави на доделувањето на Еми наградите и воодушеви со новата фигура.
Кети последниве години работи на својата тежина. Таа зборуваше за „Вариети“ за улогата на Медлин Метлок во телевизиската серија Метлок и вели дека издржливоста потребна за улогата била нејзиниот најголем предизвик. Открила дека слабеењето и помогнало во тоа.
„Одлично ми помогна тоа што изгубив 45 килограми во последните шест или седум години. Мислам дека не сум била толку слаба откако бев на колеџ“, рекла таа.
„Морав да седам секогаш кога имав прилика. Тешко ми беше да одам. Се срамам што дозволив да излезам толку од форма, но сега имам огромна количина на енергија”, рекла таа.
Кариерата на Кети трае повеќе од шест децении. Таа има добиено различни награди, вклучувајќи ги наградите Еми и Златен глобус и Оскар, кој го доби за улогата на Ени Вилкс во трилерот Мизерија во 1990 година. Таа беше номинирана и за Тони и за БАФТА.