More

    Сергеј Трифуновиќ се огласи откако беше уапсен во Хрватска

    spot_img

    Откако вчера беше уапсен на граничниот премин Бајаково додека преминуваше од Србија во Хрватска, а потоа беше спроведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит, српскиот актер Сергеј Трифуновиќ се огласи на социјалните мрежи.

    Прво објави фотографија со пријател и го цитираше Питер О’Тул.

    „О, колку ми недостигаат оние денови кога излегувате навечер на еден пијалак во Лондон и се будите во Мароко“, напишал тој.

    Потоа ја спомнал и хрватската пејачка Северина.

    „Можете ли да ме размените за Северина?“, пишува на сликата што ја објави, а во описот додаде: „Прашувам за пријател“.

    Да потсетиме, Северина на крајот на август беше приведена од српската полиција на разговор додека ја минуваше границата.

    За потсетување, полицијата го приведе Трифуновиќ во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит, каде се одржа рочиште и му беше одземен пасошот како мерка на претпазливост, пишува „Слободна Далмација“.

    Судењето на српскиот актер продолжува денеска во 12:30 часот кај судијката Жељка Матков. Трифуновиќ вчера пред судот изјави дека не се чувствува виновен за она за што е обвинет.

    Тој се товари по член 5 и член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Во член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир се вели: „Тој што омаловажува или навредува државни органи, односно службени лица при или во врска со извршувањето на нивните законски наредби, ќе се казни со парична казна од 700 до 4.000 евра или затворска казна до 30 дена“.

    Полицијата вчера од судот побара 30-дневна затворска казна и 1.000 евра парична казна за актерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img