Една од двете кафеави европски мечки во Битолската зоолошка градина угина.
Корисниците на социјалните мрежи деновиве се запрашуваа зошто Битолската зоолошка градина не соопштила за смртта на мечката.
– Денеска стапив на функцијата директор на Битолската зоолошка градина, надлежните органи се информирани за смртта на мечката, но навистина не можам да одговорам зошто таа информација не била соопштена – изјави за Плусинфо новоименуваниот директор на зоолошката градина, Жарко Тренкоски.
Тој појасни дека мечката била постара од 35 години и угинала од старост.
– Извршена е обдукција од ветеринар кој потврди дека мечката угинала од старост откако претходно била на терапија кратко пред да угине – објасни директорот.