More

    Цените паднаа, ама нема ни кој да цепи ни кој да гори – сите се иселија!

    spot_img

    Зимава граѓаните кои одлучија да се греат на дрво и пелети ќе потрошат помалку пари, бидејќи цените на овој вид огрев паднаа далеку под ланските и пролетните. Но, за разлика од претходната година, овој септември има мал интерес за купување на огревно дрво, а интересот за пелети се зголемува, велат трговците со огревно дрво и пелети.

    Цената на огревното дрво со превоз за втора класа се движи од 3.200 до 3.500 денари за кубен метар и од 4.000 до 4.500 денари за прва класа бука. Цените на дабовото дрво се повисоки за 100 денари. Дел од фирмите кои нудат огревно дрво велат дека не можат да кажат по која цена го продаваат, бидејќи дневно се менуваат цените со оглед дека има мал интерес.

    Цената на пелетите, зависно од квалитетот и дали е увозна или од домашно производство. се движи од 199 денари за вреќа од 15 килограми до 405 денари.

    Фирмите кои нудат огревно дрво велат дека интересот е многу мал или незначителен, а тоа го поврзуваат со фактот дека граѓаните кои се греат на дрво веќе се иселиле од државата или дека се преориентирале на инвертери или друг огрев.

    – Во моментов продажбата на огревно дрво е нула и не можам да кажам која е причината за ваквата состојба? Дали се тоа инвертерите кои ги плаќа државата или граѓаните веќе не мислат дека дрвото е најздраво за греење. Но, мислам дека тука големо влијание има и иселувањето – вели раководителот на „Бено комерц“, фирма која снабдува со огревно дрво.

    Според него, ако вака продолжи пласманот на огревното дрво веќе следната година нема да има кој да продава огрев, бидејќи трошоците им растат, а цената на работната рака драстично се зголемува.

    – Немаме интерес ако нема продажба. Ние набавуваме дрво преку тендери од Национални шуми по утврдена цена. Секоја година, работниците кои ги ангажираме за сечење и подготовка на дрвото за продажба, си ја покачуваат цената. Но, и така скапи ги нема, бидејќи речиси сите заминаа во странство. Резултатот од сето тоа на крајот ќе биде да се откажеме од продажба на огревно дрво – вели тој.

    И фирмите, пак, кои пласираат огревно дрво преку синдикати и пензиски друштва велат дека е намален интересот иако цената на дрвото е пониска од лани кога кубен метар се продаваше и по цена од 5.600 или 6.000 денари.

    – Нашето дрво е веќе договорено со синдикални организации кои организираат набавка на дрво за членството. Инаку интересот за огревно дрво во овој период е слаб. Цената е пониска од ланската, ам нма кој да купува. Со превоз кај нас за прва класа дрво цената се движи од 4.200 до 4.500 денари, а за втора класа од 3.200 до 3.500 денари. Цената е за 100 денари повисока кај дабовото дрво. – велат од фирмата Огревно дрво од Крушево.

    Национални шуми и годинава го продаваат огревното дрво по ценовникот од пред две години.

    Најскапото и најквалитетното дрво – она од даб, се продава по цена од 3.564 денари по кубен метар. Буката има цена од 3.444 денари, јаворот е со цена од 3.204 денари за кубен метар.

    За разлика од слабиот интерес за огревно дрво, кај прелетите интересот се зголемува. Годинава цените на пелетите се намалени и почнуваат од 199 денари, па се до 405 денари за вреќа од 15 килограми. Цената зависи и од тоа каде ќе ги купите пелетите.

    – Имаме голем интерес за пелети годинава. Обезбедени се доволно количини по поволни цени и се надеваме дека до почеток на сезоната овој интерес ќе се задржи – велат од Пелет центарот во Ѓорче Петров.

    Експертите велат дека просечно македонско домаќинство годишно користи од 3 до 10 кубни метри огревно дрво за загревање, или најчесто околу 6 кубни метри. Тоа значи дека зимава домаќинствата ќе потрошат од 19.200 до 21.000 денари ако се греат на буково дрво од втора класа и од 24.000 до 27.000 денари со дрво од прва класа.

    Пресметките за потрошувачката на пелети покажуваат за 100 квадратни метри површина во една грејна сезона се трошат околу 3 тони пелети или околу 43.890 денари ако се користат најевтините пелети.

    Се смета дека повеќе од 120.000 домаќинства во земјава се греат на дрво, а остатокот на друг вид греење. Речиси 9% се греат на пелети или брикети.

    Последните години, поради субвенциите, голем дел од граѓаните од дрво или нафта се префрлија на пелети или на инвертери. Околу 60.000 домаќинства и само во Скопје се греат на парно, а остатокот се греат на електрична енергија.

    Во Македонија, според последниот попис, има 598.632 домаќинства и 839.174 станови. Колку од нив се иселени, засега никој не знае.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img