More

    Народната банка предупредува за нова измамничка шема

    spot_img

    Народната банка предупредува за шема на нов и многу опасен начин на „фишинг“ каде што со внесување податоци од платежната картичка и со доставен ОТП код за авторизација, се превземаат платежните сметки на клиентите од страна на измамници и ги повикува граѓаните на поголема внимателност.

    Од Народната банка појаснуваат дека до граѓаните пристигнува фишинг порака (СМС, е-порака), во која се наведува на итност за исплата, испорака на пакет и слично и се дава врска на која треба да се уплати.

    Од Банката додаваат дека измамениот е пренасочен кон „злонамерна“ веб-страница, на која внесува име и презиме, адреса, сериски бр.на картичка, дата на важност и CVV код од картичката. Измамникот ги користи овие информации за почеток на постапка за отворање на Google Pay паричник.

    „Со започнатата постапка на измамникот за отворање на Google Pay паричник, Банката на измамениот му испраќа ОТП код за автентикација кој е со намена за дигитализација на платежна картичка, кој измамениот мислејќи дека му е потребен за завршување на платежната трансакција го внесува на ‘злонамерната’ веб-страница. Измамникот со добиениот ОТП код ја завршува регистрацијата на Google Pay и оттогаш располага со средства на сметката на измамениот“, објави Народната банка на Фејсбук.

    Од Народната банка бараат граѓаните да се информираат и да бидат внимателни за постојни измами, преку „фишинг“, како и редовно да ги следат насоките и информациите доставени од банките.

    „Внимателно прочитајте го текстот за намената на ОТП кодот кој ви е доставен. Доколку ОТП кодот е доставен со намена да се изврши дигитализација на вашата платежна картичка, а вие тоа не сте го побарале, прекинете со активноста и веднаш контактирајте ја банката“, велат од банката.

    Додаваат дека граѓаните треба да направат прилагодување на лимитите за плаќање со нивните платежни картички согласно нивната вообичаена потреба и редовно да ги следат сметки за соминителни активности.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img