Бугарскиот амбасадор Желјаско Радуков, кој попладнево беше повикан во македонското МНР поради дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Румен Радев во Софија, одбил да ја прими протестната нота.
Бугарскиот амбасадор ја одбил протестната нота со чија содржина бил запознаен усно од страна на директорот што го водел разговорот, потврдуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРНТ).
Од МНРНТ, претходно преку соопштение информираа дека во Министерството денеска бил повикан амбасадорот Радуков, каде била изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата Претседатели, при што дополнително е побарано објаснување од бугарската страна.