More

    Илон Маск го коментираше вториот обид за убиство врз Трамп

    spot_img

    Американскиот техномилијардер и поддржувач на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, Илон Маск, го коментираше вториот обид за убиство врз Трамп. Тој на својата социјална мрежа Икс праша зошто актуелниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис воошто не биле мета на атентат, пишува „Тајм Магазин“.

    „Никој не се обидува да ги убие Бајден или Камала. Зошто сакаат да го убијат Доналд Трамп?“, напиша Маск на Икс.

    Федералното биро за истраги синоќа соопшти дека го истражува пукањето во близина на теренот за голф на Трамп на Флорида и дека случајот се третира како обид за убиство на поранешниот претседател.

    Американската тајна служба потврди дека нејзин агент отворил оган врз вооружен маж на терен за голф.

    Осомничениот Рајан Раут побегнал откако испукал неколку куршуми во својот автомобил, но бил забележан од сведок кој го фотографирал неговиот црн теренец „нисан“ и регистарската табличка.

    Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“ ја пофали Тајната служба на САД за брзата реакција, велејќи дека службата одлично си ја завршила работата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img