На бугарскиот амбасадор ќе му биде врачена протестна нота

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарскиот амбасадор во Македонија уште има можност да се извини за инцидентот со неистакнувањето на македонското знаме во претседателскиот кабинет на бугарскиот претседател Румен Радев при посетата на македонската претседателка на Софија, вели извор од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија(МНРиНТ).

– Но, министерството секако ќе реагира со протестна нота за да се одржи достоинството на државата. Причината зошто не реагиравме на самото место беше затоа неколку часа претходно во Бугарија се урна авион и загинаа двајца пилоти, па беше несоодветно – вели изворот.

Бугарскиот амбасадот Желјазко Радуков треба да оствари средба на пониско ниво со директорот на Директоратот за регионална соработка во МНРиНТ. Тој ќе биде прашан да објасни за бугарската остапка од договорениот протокол.

Изворот вели дека средбата на Сиљановска Давкова била договарана меѓу македонската амбасада во Бугарија, кабинетот на Радев и кабинетот на македонската претседателка, а било договорено фотографирање само во работните простории на Радев.

– Бевме свесни за ризиците од средбата, која беше гест на бона фиде, добра волја од македонска страна, но цврсто стоиме на ставот дека треба да соработуваме со Бугарија – вели изворот во врска со инцидентот.

Share This Article