More

    Мицкоски најави низа од истраги во следниот период

    spot_img

    Ова е една од низата истраги што ќе следат во следниот период, во септември, октомври, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски запрашан дали во големата акција за даночни затајувања ќе бидат опфатени поранешни функционери.

    – Не би сакал да откривам детали, истрагата трае. Можам да кажам дека ќе биде епски голема со епски криминал – рече Мицкоски.

    Истрагата на надлежните органи околу случајот „Крмзов“ покажува дека над 8 милиони евра од Еуростандард банка се префрлани на сметки во Турција. Плусинфо објави дека  истрагата се шири на повеќе струмички компании кои биле дел од шемата на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов за злоупотреба на парите. Семејството Крмзови веројатно имало спрега и со Јавното обвинителство, бидејќи предметите од поранешен сомнеж за криминал на Крмзови најверојатно биле чувани во фиока. Воедно, предистрагата ја вклучува и Царинската управа, каде за еден камион увезена стока се плаќало царина од само 1500 евра, а за истата стока во последниот период, по смената на раководството на Царинската управа, се плаќало дури за 15 пати повисоки давачки, што значи дека разликата се губела во нечии џебови.
    Случајот „Крмзов“ се расплеткува во повеќе етапи и БЈБ на МВР, во координација со повеќе други институции, откриваат  сомнежи за криминал повеќе од очекуваното.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img