More

    Фестивал на „Денови на македонска музика“

    spot_img

    Во рамките на втората сезона на фестивалот на современа музика „Денови на македонска музика”, кој со есенското издание продолжува традицијата што успешно се воспоставува во последните години, СОКОМ го најавува концертот на пијано дуото во вторник во 20 часот во состав Јасмина Трајческа (Македонија) и Ловорка Немеш Дулар (Словенија).

    На концертот ќе бидат изведени дела за две пијана од реномираните македонски композитори Томислав Зографски (1934–2000) и Стојче Тошевски (1944–2008), со што ќе бидат одбележани два значајни јубилеја: 90 години од раѓањето на Зографски и 80 години од раѓањето на Тошевски. Покрај македонските творби, програмата вклучува и дело на словенечкиот композитор Јанез Матичич (1926–2022).

    Концертот ќе го слави богатото музичко творештво на двете држави преку длабоки и впечатливи изведби, кои ќе понудат свеж поглед на делата на овие истакнати композитори.

    Влезот на концертот на Пијано дуото Трајческа – Немеш Дулар на „Деновите на македонска музика”, е слободен.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img