More

    Косово е посилно од кога било досега, изјави Курти

    spot_img

    Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека српскиот претседател, Александар Вучиќ, во координација со Русија, подготвува нови закани и ултиматуми за Косово, но дека тие не го плашат, јави дописникот на МИА од Приштина.

    Во објава на неговата страница на Фејсбук, непосредно пред најавеното обраќање на Вучиќ на српската јавност во врска со состојбата на Србите во Косово, Курти рече дека „ужасните злосторства што Србија ги изврши во Косово пред 25 години, денес Русија ги повторува во Украина и имаат за цел да се вратат во регионот на Балканот“.

    „Пристапот на Владата во Србија кон Косово е многу депресивен. Првично, неказнивоста и пропагандните кампањи беа нормализирани. Сега тие имаат за цел да ги нормализираат паравоените и терористичките напади (Бањска, 24 септември 2023 година), заканите и ултиматумите, кои се оправдуваат со лажни вести и со кампањи за дезинформации, пред очите на демократскиот свет“, напиша Курти.

    Косовскиот премиер порача дека „Косово е посилно од кога било досега“ и дека не се плаши од заканите.

    „Ние ги штитиме сите наши граѓани и нивните слободи и права, територијалниот интегритет и државниот суверенитет на нашата земја, демократскиот и социо-економскиот напредок на нашиот народ и институции“, напиша Курти.

    Тој ги наброја и злосторствата што, како што вели, Србија ги изврши во Косово, велејќи дека Белград се координира со Москва „за масовни гробници на илјадници луѓе“.

    „Србија спие на масовните гробници од геноцидот извршен на Косово, 950 невооружени цивили беа масакрирани, нивните тела беа земени и ставени во масовни гробници во Србија, вклучително и камиони-ладилници што излегоа од дното на тамошните езера. Доказите за геноцидот се свежи насекаде во Косово и во Србија, но тоа не го спречува претседателот на Србија повторно да се заканува“, напиша Курти.

    Според косовскиот премиер, „наместо Србија да се кае за злосторствата, да се извини за нив и да не ги негира; да ги отвори воените архиви на југословенската полиција и војска, особено на моторизираната бригада 37; да плати репарации; да соработува за да се донесе правда за жртвите на геноцидот; да се заложи за помирување и за мир; таа ја одбра спротината страна, повторувајќи ги заканите и ултиматумите, кон Косово и кон неговите граѓани, во тесна соработка и координација со Русија“.

    „Денес Косово е посилно од кога било досега, не се плаши од закани. Ги штитиме сите наши граѓани и нивните слободи и права, територијалниот интегритет и државниот суверенитет на нашата земја, демократскиот и социо-економскиот напредок на нашите луѓе и институции. Меѓутоа, она што во моментов се случува покажува колку Србија е далеку од демократските и хуманите вредности и колку останува со геноцидот извршен во 1990-те“, порача Курти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img