Коста Кецмановиќ, момчето убиец кое уби девет врсници и обезбедувач во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, треба да сведочи во судската постапка против неговите родители на 8 октомври, дознава српски Курир.
– Судењето е закажано во зградата на Специјалниот суд, не се знае дали ќе обвинетиот ќе биде донесен во судот или, како (што беше) во истрагата, ќе биде сослушан преку видео врска меѓу судот и клиниката – вели извор за медиумот.
На сведочењето ќе присуствува старател определен од Центарот за социјална работа каде престојува Коста К.
Неговиот татко, Владимир Кецмановиќ е обвинет за сторено кривично дело – тешко кривично дело против општата безбедност, со оглед на тоа што на стрелиште однел 13-годишно дете, неговиот син и го научил да пука, а оружјето што го поседувал не го чувал на соодветен начин во куќата.
Обвинетиот Коста Кецмановиќ е во притвор од 3 мај минатата година кога беше уапсен. Неговата мајка Миљана Кецмановиќ беше обвинета за недозволено поседување, носење и тргување со оружје, бидејќи нејзината ДНК била пронајдена на чаура во училницата, како и ластик за коса со кој нејзиниот син го врзал шишето во кое направил молотов коктел.
Лани, на 3 мај Коста Кецмановиќ уби девет деца и училишен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ и оттогаш е во психијатриска установа бидејќи законски не сноси криминална одговорност, имајќи предвид дека во моментот кога го извршил ова дело имал само 13 години.