More

    Орбан: Унгарија нема да стане имигрантска земја, што и да прави Брисел

    spot_img

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека земјата нема да стане имигрантска земја, што и да прави Брисел.

    Орбан истакна дека од 2015 година, кога беше „врвот на мигрантската криза“, Унгарија постојано повикува на заштита на надворешните граници на Европската унија.

    „Земјата наместо да кука и да избегне одговорност, длабоко вдиши, подигна ограда и ги запре мигрантите. Унгарците застанаа во одбрана на нивните интереси и не станаа имигрантска земја и нема да станат, што и да прави Брисел… Унгарија им припаѓа на Унгарците, точка“, изјави Орбан во интервју за Радио Кошут, пренесува МТИ.

    Орбан рече дека е уверен оти Европската комисија ќе и ги надомести на Унгарија трошоците за заштита на надворешната граница на ЕУ од илегалната миграција, објави Ројтерс.

    Унгарија ја затвори главната транзитна рута низ Унгарија за стотици илјади баратели на азил кои бегаат од војна и сиромаштија во 2015 година, зајакнувајќи ја поддршката меѓу своите сограѓани, но предизвика критики од многу сојузници на ЕУ.

    „Унгарија мора да биде обештетена за тоа што не чинеше заштитата на границите“, рече Орбан.

    Шефот на кабинетот на Орбан вчера изјави дека Унгарија е подготвена да ја тужи Комисијата за трошоците за заштита на границите, кои Будимпешта ги проценува на две милијарди евра, пренесе Ројтерс.

    Во јуни, највисокиот суд на Европската унија пресуди дека Унгарија мора да плати казна од 200 милиони евра поради неуспехот да ги спроведе промените во политиката за третман на мигрантите и барателите на азил на нејзината граница, одлука што Орбан во тоа време ја нарече срамота.

    „Сега има само уште еден чекор што треба да го направат западноевропските лидери, интелектуално тоа не е особено тешко: ако тие (лидерите) кажат дека границите мора да се заштитат, тогаш оние што всушност ги штитат границите не треба да бидат казнети поради тоа“, додаде тој. – изјави Орбан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img