Вистинска војна се водеше на теренот на дерби натпреварот помеѓу Шкендија и Шкупи, кој заврши со резултат 0-0, јавуваат спортските портали.
Фудбалскиот натпревар беше прекинуван неколку пати. Последниот прекин беше предизвикан поради удар кон помошникот на Александар Ставрев.
Во еден момент публиката фрли предмет и го погоди судијата во ногата. Тоа донесе нов прекин и нова кавга на теренот, по која се вмешаа и фудбалерите на двата тима.
Претходно во главата беше погоден гостинскиот фудбалер, 21-годишниот Ардит Иљази.
Како што веќе известивме, пред мечот се случи тежок инцидент, кога беа нападнати фудбалерите и стручниот штаб на гостинската екипа при пристигнувањето на стадионот во Тетово.