Силни дождови предизвикаа хаос во Словенија и Истра. Патиштата се поплавени, при што неколку патни правци се целосно блокирани, особено во регионот Копар, каде што сообраќајот е значително отежнат, пренесува хрватскиот портал Данас, повикувајќи се на словенечкиот 24 часа.
Граѓаните се предупредуваат да не патуваат без потреба, бидејќи водата ги претвори патиштата во реки. Општините воведоа привремени мерки, како бесплатно паркирање во одредени гаражи, за да се ублажи ситуацијата.
Поплавите продолжуваат да создаваат големи проблеми, а временските услови се очекува да останат нестабилни.
Невремето во Словенија предизвика големи штети, при што повеќе населени места се соочуваат со поплавени домови и нарушени основни инфраструктурни објекти. Спасувачките екипи се на терен, но обемот на водата ги отежнува интервенциите.
Во Истра, ситуацијата не е многу подобра. Сообраќајот е закочен, а граѓаните се соочуваат со прекини на струјата и водоснабдувањето, што дополнително ја влошува кризата предизвикана од временските непогоди.
Новата ситуација потсети на големите поплави од август минатата 2023 година, кога во поплавите во Словенија загинаа 6 лица, а беа предизвикани огромни материјални штети. Еве една фотографија што потсетува на ланските поплави: