Книгата „Насекаде“ од епископ Дремвитски Давид (Нинов) во издание на „Макавеј“ ќе биде промовирана на 19 септември 2024 година во Салон 19:19 почеток во 19:19 часот.
Книгата ќе ја промовираат Јанинка Невчева и Игор Радев.
Епископ Дремвитски Давид (Нинов) е роден на 27 јули 1972 година во Скопје. Пред заминувањето во манастир бил уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ и работел во редакцијата за култура на националната телевизија. Објавил четири книги поезија, добитник е на наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска поетска книга и застапуван е на повеќе јазици, во повеќе антологии поезија. Од манастирот покренува издавачка дејност и ја уредува периодиката „Успение“.
Ги објавил книгите: „Логиум (обраќања на неделни и празнични евангелски теми)“, „Кон познанието (белешки од догматиката)“, „Човекот поет (збирка на преводи)“, „Секој крај, нов почеток (статии и колумни)“, „Времетворење (колумни)“, «Τέχνη και Αποκάλυψη». „Надвор од границите (размислувања за личноста и системот)“ и „Уметност и откровение“.
Учествувал на меѓународни симпосиони и конференции. Преведува богословски текстови од грчки јазик.