Девизните резерви на крајот на август годинава изнесувале 4.469,8 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 41,3 милиони евра, соопшти Народна банка.
На крајот на јули девизните резерви изнесуваа 4.428,5 милиони евра.
Најголем дел од девизните резерви и во август се пласирани во хартии од вредност (59,6%), по што следуваат валутите и депозитите (29,1%) и монетарното злато (11,3%).
Девизните резерви се средства веднаш достапни и расположливи за монетарната и централната власт. На централните банки им служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар. Пред сѐ, за да се влијае врз девизниот курс, како и за други цели.
Основната функција на девизните резерви е да ја заштитат економијата од негативни надворешни шокови, за редовно сервисирање на надворешниот јавен долг и интервенции на девизниот пазар.