Турција рече дека го осудува овонеделното потпишување на патоказ за зајакнување на билатералната одбранбена соработка меѓу Соединетите Држави и Република Кипар.
Потегот дојде во време на напорите на Обединетите нации да најдат заеднички јазик за продолжување на долго закочените разговори меѓу ривалските заедници на кипарските Грци и Турци на медитеранскиот остров, кој е поделен со децении.
Чекорите што ги преземаат САД, вклучително и најавата за започнување стратешки дијалог со Кипар минатиот јуни, се штетни за безбедноста на кипарската страна на островот, соопшти турското Министерство за надворешни работи.
„Овие чекори … ја поткопуваат неутралната позиција на САД кон островот Кипар и го отежнуваат постигнувањето праведно, трајно и одржливо решение за кипарското прашање“, се вели во соопштението во средата.
Во понеделникот, САД и меѓународно признатата Република Кипар потпишаа патна карта во Никозија.
Во заедничката изјава нивните министерства за одбрана ја потврдија посветеноста на соработката во решавањето на меѓународните безбедносни проблеми преку патоказот.
Кипар беше поделен со турска инвазија во 1974 година по краткиот државен удар поддржан од Грција. Мировните преговори се во мирување од 2017 година.
Страната на кипарските Турци управува со отцепената држава во северен Кипар, која е призната само од Анкара, и е на ставот дека продолжувањето на преговорите зависи од прифаќањето на нејзиниот еднаков суверенитет со владата на кипарските Грци, пренесува Ројтерс.