Републиканскиот кандидат за претседател, Доналд Трамп, рече дека не знае дали сака повторно да дебатира со Камала Харис, тврдејќи дека „ја победил дебатата“ ноќеска, пишува британски Гардијан.
– Па, јас би бил помалку наклонет кон нова дебата бидејќи имавме одлична ноќ. Ја добивме дебатата – рече Трамп.
Тој претходно се согласи да учествува на дебата организирана од „Фокс њуз“, а модерирана од водителите Марта Мекалум и Брет Баер. Но, утринава, тој се премисли.
– Не би сакал да бидам со Марта и со Брет. Би сакал да бидам со секој друг освен со Марта и со Брет – појасни тој.
Трамп го изнесе и своето мислење за пејачката Тејлор Свифт која објави дека ќе гласа за кампањата на Харис.
– Таа е многу либерална личност, изгледа дека секогаш поддржува демократ и веројатно ќе ја плати цената за тоа на пазарот – објасни Трамп.