Кога јадеме ананас, често имаме чудно пецкање во јазикот или устата. Веројатно многумина се запрашале зошто тоа се случува, а откако ја дознале причината се згрозиле.
На сметката на TikTok „SF Microscopy“ беше споделено видео во кое се објаснува што всушност се случува со ова тропско овошје.
„Тоа е затоа што нè боцкаат 1.000 ситни игли наречени рафиди. Овие кристали на калциум оксалат пробиваат дупки во клеточните мембрани, предизвикувајќи иритација“, се вели во видеото.
Внатре во парчето ананас се наоѓа вистински микрокосмос, кој изгледа како мали игли кои се лепат во устата и предизвикуваат чудна, иритирачка сензација на јазикот на оној што го јаде ананасот.
„Овие игли се нарекуваат „рафиди“ и содржат нерастворливи кристали, кои се направени од калциум оксалат“, објаснува Универзитетот Мекгил.
Според теориите за рафидите и нивните одбранбени механизми, ананасот возвраќа кога ги јадеме, а повеќето од нас не го знаеле ова, со тоа што иглите ја прободуваат слузницата на усната шуплина на „предаторите“ и предизвикуваат иритација.
Видеото набрзо стана вирално и собра преку 35 милиони прегледи. Еден корисник на TikTok, толку вознемирен од откритието, вети дека „никогаш повеќе нема да јаде ананас“.
Друг се прашуваше каков мазохист е кога постојано јадеше овошје полно со игли.
„Знаеш дека овошјето е добро кога ќе почне да се бори“, се пошегува третиот.
„Не знаев дека тропското овошје има одбранбени механизми, многу интересно“, беше еден од коментарите на интересното видео.