More

    Рок групата „Рибља чорба“, престанува со работа по смрта на Бора Ѓорѓевиќ

    spot_img

    Рок групата „Рибља чорба“, судејќи по сè, престанува со работа по смртта на познатиот фронтмен Бора Ѓорѓевиќ.

    Бендот „Рибља чорба“ по 46 години повеќе нема да постои, пренесуваат српските медиуми. Со заминувањето на славниот рокер, Бора Ѓорѓевиќ, кој почина минатата недела по долго и тешко боледување, музичарите кои го сочинуваа овој бенд донеле одлука повеќе да не настапуваат.

    Во деновите по смртта на Бора, се слушале приказни дека „Рибља чорба“ ќе го продолжи својот век на траење во некоја друга форма. Прво се споменувала варијантата на „трибјут“ бенд, што значи дека некој пејач ќе продолжи да изведува стари песни во исти или слични аранжмани на концертите, а потоа се зборувало дека Ѓорѓевиќ може да го наследи некој од пејачите, како Павло Дејаниќ, кој заедно со остатокот од бендот би снимал и нови песни.

    Меѓутоа, пишува српски „Курир“, од тоа нема ништо. Одлуката за расформирањето на „Рибља чорба“ ја донеле токму музичарите кои со години и децении свиреа со Бора, а тоа ќе го направат по објавувањето на последниот албум „Љубав и смрт“, кој Ѓорѓевиќ го подготвувал додека беше жив.

    Да потсетиме, Бора Ѓорѓевиќ почина на 72 години, на 4 септември. Лекарите две недели се бореа за неговиот живот. Неговата здравствена состојба неодамна се влоши, поради што беше хоспитализиран. Лекарите утврдија дека има пневмонија. На Бора му беше дијагностициран рак на простата во 2019 година. Потоа, здравствената состојба ја доведе во нормала, продолжи со настапите, а сними и песна која опишува како се чувствувал во тоа време.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img